Sunday, July 31, 2011

М. Зошченко -Ситен случај од личниот живот

Стојам јас еднаш на кино и очекувам една дама.
Овде, треба да се рече, една особа ни се допадна. Таква една, доволно привлечна
девојка без деца. Службеничка.
Па, секако, љубов. Средби. Различни такви зборови. И дури пишување на песни на
тема, никако не поврзана со градежништвото, нешто како: “Птицата на гранка скока,
сонцето на небо блеска... Примите го, мила моја, поздравот... И нешто, не се сеќавам
што, та-та-та-та... боли...”
љубовта во таа смисла, секогаш негативно се одразува врз погледите на свет
на одредени граѓани. Се забележува некојпат тага и различни хумани чувства. Се
забележува некаква си жал за луѓето и за рибите и желба да им се помогне. И срцето
станува некако премногу чувствително. Што е сосема одвишно во денешно време.
Значи, еднаш стојам во кино со своето чувствително срце и ја очекувам мојата
дама.
А таа, бидејќи е службеничка и работата не �� е премногу битна - таа сака да си
доцни. На работа секако, за тоа е строго. А овде, таа знае - за две доцнења нема да
ја истераат. Ете така таа си го зема своето на лична почва и на хумани чувства.
Значи, јас стојам како будала и чекам.
Така - редот пред касата си тече. Така - вратата се отвара на улица, влегувајте.
Така - јас си стојам. И некако енергично си стојам, весело. Ми оди да пеам, да се
веселам, да се глупирам. Самак некого да турнам, да се пошегувам или за нос да
фатам. Во душата пеење се слуша и срцето ми се раскинува од среќа.
И ненадејно гледам - стои пред влезната врата сиромашно облечена старичка.
Има такво искинато палтенце, прастари чевли со дупки.

И си стои таа старичка скромно пред вратата и со жални очи ги гледа оние, кои си
влегуваат, очекувајќи, ќе дадат ли нешто.
Другите на нејзино место обично дрско стојат, намерно пеат со тенки гласчиња
или зборуваат некакви си француски зборови, а оваа си стои скромно и дури некако
срамежливо.
Хуманите чувства го преполнуваат моето срце. Јас го вадам паричникот, малку
ријам во него, вадам рубла и со чисто срце, со мал наклон ја давам на старицата.
Старицата ја погледна рублата и рече:
- Што е ова?
- Ете, - велам, - примете, мајко, од непознатиот.
И ненадејно гледам - �� пламнаа образите од длабока вознемиреност.
- Чудно, - ми вели, - јас не питам. Што ми давате пари? Можеби, јас ќерката си ја
чекам - сакам со неа во кино да одам. Многу, вели, навредливо ми е вакви факти да
гледам.
Јас велам:
- Се извинувам... како така... Јас ниту самиот не сфаќам... Пардон... велам.
Навистина, погрешив. Не сфатив кому што му треба. И кој за што чека. Шега ли е,
толку народ...
Но старицата го крева гласот до целосна пискотница.
- Што е тоа, - вели, - во кино не можеш да појдеш - ти ја навредуваат личноста!
Како, вели, рацете не ви се исушат, такви гестови да правите? Па јас подобро ќе си ја
дочекам ќерката и со неа во друго кино ќе одам, отколку со вас да седам и да дишам
со заразен воздух.
Јас ја фаќам за рацете, се извинувам, молам да ми прости. И што поскоро си одам
настрана, инаку, си мислам, ќе ме соберат во милиција, а јас дама очекувам.
Наскоро доаѓа мојата дама. А јас стојам тмурен и блед, и дури помалку заглупен и
се срамам да гледам по страните, да не ја видам мојата навредена старичка.
Тогаш јас ја земам картата и со ситен чекор се влечкам по мојата дама.
Ненадејно некој ми доаѓа одзади и ме зема за лактот.
Јас сакам да се свртам и да си одам, туку гледам - пред мене е мојата старица.
- Извинете, - ми вели, - тоа вие ли ми дадовте рубла пред малку?
Јас нешто неразбирливо си мрморам, а таа си продолжува:
- Овде, не се сеќавам кој, ми даде рубла... Мислам, вие. Ако сте вие, тогаш добро,
дајте ми. Овде ќерката не пресмета, а другите места се поскапи, отколку што мислевме.
А во задните редови јас ништо не гледам, од причина на слабите очи. Се извинувам,
вели, што ве потсетив.
Јас го вадам паричникот, но мојата дама ги вметнува следниве зборови:
- Сосема, ми вели, нема зашто да се расфрлуваш со пари. Ако е веќе за тоа, подобро
кисела вода во бифето да се напијам.
Јас велам:
- Кисела вода ќе добиете, не цмиздрете. Но рубла јас морам да дадам. Може
секакви парични недостатоци да се случат. Треба другарски да се однесуваме.
Не, јас сепак �� дадов рубла на старицата и ние во најлоши чувства седнавме да го
гледаме филмот.
Додека траеше музиката, дамата ме јадеше, велејќи дека за две недели на
познанство јас не можев да �� купам парфем, а меѓу другото, прашина во очи фрлам и
делам рубли лево и десно.
На крајот, пуштија весела комедија и ние, заборавајќи на сé, весело се смеевме.
А таа старица седеше со ќерката во наша близина и исто, некојпат весело гровташе.
И јас бев многу радосен, што �� го доставив тоа културно задоволство. И дури да ми
побараше таа мене две рубли, ќе �� дадев и око немаше да ми трепне.
Но тоа е ситен факт, а што се однесува до крупните работи, сврзани со пари, ние,
например, знаеме други случаи.