Terry Richardson - Amy Winehouse
You Know I'm No Good
Ејми Џејд Вајнхаус (Лондон, Велика Британија, 14 септември 1983 - ibid. 23 јули 2011[1][2]) била англиска пејачка и текстописец, позната по својот електричен микс од различни музички жанрови, вклучувајќи Р&Б, соул и џез. Вајнхаус е најдобро позната по нејзиниот моќен контраалт вокал.Деби албумот на Вајнхаус од 2003 Frank беше критично успешен во Велика Британија, а беше номиниран за наградата Mercury. Нејзиниот следен албум од 2006 “Back to Black“ ја доведе до шест Греми номинации и пет победи, остварувајќи рекорд за најмногу победи од женски артист во само една ноќ, и со тоа Вајнхаус стана првата британска пејачка која добила пет Греми, вклучително и три од "Големата четворка": најдобар нов изведувач, плоча на годината и песна на годината. На 14 февруари, 2007 година, таа е добитник на наградата Brit за најдобар британски женски изведувач и исто така била номинирана за најдобар британски албум. Таа е три пати добитник на наградата Ivor Novello, прво во 2004 година за најдобра современа песна (музички и лирски) за "Stronger Than Me", потоа во 2007 година за најдобра современа песна за "Rehab" и во 2008 година за најдобра песна (музички и лирски) за "Love is a losing game", како едни од најпрестижните. Албумот е трет меѓу најпродаваните од 2000-тите во Обединетото Кралство. Вајнхаус се согласи да формира група со тапанарот на The Roots, Куестлов. Вајнхаус е заслужна за влијанието во зголемувањето на популарноста на женските музичари и соул музиката како и за оживувањето на британската музика. Карактеристичниот стил на Вајнхаус претставувал и муза за модните дизајнери, како што се Карл Лагерфилд.
повеќе