Sunday, July 31, 2011

The Streets - Dont Mug Yourself

Kenton Slash Demon - Sun

Portable - Keep On (Perlon)

Munk - Violent Love

Zach Cohen

              Зак Коен создава прекрасно надреални слики кои се обоен со малку инди             културно  незадоволство

Ron Liberti



Mark Bradford

    Mark Bradford е една од најпознатите афро-американски уметници, со волшебни и                    зачудувачки дела. Неговиот cityscapes и употребата на боите се неверојатно.


Blood is the New Black Fall 2011


Blood is the New Black Fall 2011 from Blood is the New Black on Vimeo.


Video: Gandja Monteiro
Photographer: Jason Lee Parry
Model: Kelley Ash
Model: Jenny Sirney
Model: Cody Hayduk
Stylist: Sophia De'Arbonne
Makeup: Alison Christian
Music: "Grass" by The Black Ryder

Eamo Donnelly


                 Колку и да ги гледате неговите илустрации никогаш не се чувствуваат застоени


Духот на авантурата – Вил Стегер

Во раните 60-ти со еден мој пријател од Минеаполис зедовме еден расклопувачки 8-метарски кајак во Јуно на Алјаска. Планиравме да го поминеме Внатрешниот Премин на Алјаска, што се покажа како многу диво и опасно патување. Се боревме со невремиња и бубачки, а во текот на целото веслање, постојано бевме во придружба на китови-убијци. Кога конечно стигнавме до Скегвеј, требаше да преминеме пат од 50-тина километри кој носеше до главното течение на реката Јукон. Од таму веславме до Арктичкиот Круг каде што го расклопивме кајакот и автостопиравме до Минеаполис токму на време за новата учебна година на факултетот.Тоа беше добро време за аванутра, бидјќи многу од областите низ кои минувавме беа означени како „го нема на мапа“. Тоа беа само големи, бели делови на мапите. Токму овде ние ги сретнавме последните живи луѓе кои дошле овде да бараат злато во 1898 година. Тие сé уште живееја во своите кабини, длабоко во дивината и беа среќни што гледаат двајца млади момци кои бараа спас од невремето. Имам магливо сеќавање за тоа како седам со нив покрај печките на дрва, жалејќи се на комарците и слушајќи ги нивните приказни за „старите времиња“.
Овој тип на авантура беше нешто ново за мене. Имав 18 години и во поголемиот дел од патувањето се чувствував мизерно. За време на честите невремиња на отворено море, се плашев за својот живот. Ми недостасуваше домот и сувиот кревет.

Жалејќи им се на нашите домаќини, тие само промрмореа: „О, ќе се вратите назад момци. Запомнете ги нашите зборови – ќе се вратите.“ Во тоа време можев да се кладам со големи пари дека грешат.
Тоа патување го промени мојот живот. Неколку месеци по нашето враќање дома, се фатив себе си како нарачувам нови мапи и обележувам нова насока која ќе не одведе следното лето 5000 километри – од Жаспер, Алберта сé до Арктичкиот Океан. Потоа следуваа патувања до врвови на неискачени планини и спуштања по диви реки. Следуваа десетици илјади километри поминати со кану или санки со кучиња. Следуваа патувања на Северниот Пол и преку Антарктикот. Цели триесет години.
Зошто? Тоа е прашање кое најчесто ми го поставуваат. „Зошто вакви авантури?“

Никогаш не било лесно да се одговори. Исто како да се обидувате да го опишете мирисот на некое цвеќе. Треба да се доживее. Некогаш се обидувам да направам своја верзија на „Затоа што е таму“, а друг пат одговарам загадоночно.
Авантурата е очигледна и природна за децата и ретко добивам „Зошто“ прашање од помлади од 16 години (Децата обично сакаат одговор на големи прашања: „Како одите во ВеЦе кога е под –30 степени?“)
„Зошто авантура?“ е прашање на возрасните. Кога сме возрасни, нашите инстинкти се заменети со аналитика и расудување. Нема повеќе спонтаност. Уште како тинејџер ги сакав авантурите. Мои цели беа неискачени планини, далечни и диви реки – постојано имаше ризик и возбуда. Постоеше чувство на откривање: земја која ја гледав за прв пат – илјадници и илјадници километри непозната и нескротена дивина. Во тој период како и сите други имав нескротлив ум, но таа убавина ме успори и за прв пат можев да живеам во моментот. Сé што гледав беше убавина. Секаде. Ако ова се обидам да и го објаснам на некоја млада личност, тој или таа би рекле „Па секако.“
Денес постои мислење дека откако највисоките планини се искачени и Половите достигнати, нема повеќе можност за авантура. Авантурата е во индивидуата. Таа е толку близу до нас како облекувањето на чевлите секое утро и излегувањето низ вратата. И не се работи за награда, за пари, за целта, за златото. Роберт Сервис во својата поема „Магијата на Јукон“ совршено објаснува: „Не го барам златото / туку потрагата по златото.“ Тоа е авантурата – пронаоѓањето на нештото.
Тоа повторно е однос на младите – дете не би знаело што да прави со златото кога би му го дале. Кога отидов на Алјаска имав 18 години и таму сретнав старци кои многу одамна дошле таму во потрага по злато и се прашував зошто сé уште се таму. „Ќе се вратите момци,“ ни рекоа, веројатно чувствувајќи дека тоа што нив ги задржало таму – нивниот младешки и авантуристички дух – е присутен и во нивните гости.
После таа авантура во Јукон многу брзо заборавив на лошите искуства и ја поминав следната година сонувајќи за повторување на тоа искуство. Сакав да се вратам на тоа место – место во дивината – место кое е во мојот дух.
1986 –во тим од 6 луѓе со санки со кучиња стигнува до Северниот Пол без да има дотур на дополнителни средства (сé што им било потребно носеле од самиот почеток);
1988 – преминување на Гренланд со санки со кучиња Југ-Север без дотур на средства – најдолго такво патување во историјата – 2500километри;
1989/1990 – во тим од 6 луѓе преминување на Антарктикот (околу 6000километри)

Скопје

Emiliana Torrini - Hold Heart

Zola Jesus - Night (Live on KEXP)

1000 Спомени

           Лист што може да ве донесе поблиску до благодарноста на човекот познат и како Буч. Постерот  е создаден по повод 50 гдишницата од смртта на Ернест Хемингвеј

пластичен точак


Dror Peleg е дизајнер на овој точак кој е и негов дипломски проект на  Академијата Веселеил за дизајн во Ерусалим. Тој е направен како еднобрзински градски точак , создаден од рециклирана пластика.

1970


 Лондонскиот филмски магазин Little White Lies , објави  22 илустрации инспирирани од класичните филмови кој се создадени во една од естетско најплодните епохи на киното


Du Hast Acapella


Иако не сум голем фана на Rammstein. Сепак акапела изведбата на Viva Vox хорот од Белград не ме остава рамнодушен

One Hand Clapping

Од светот на анимирани филмови, наидов на уметноста на една story-artist чии дела се вклучени во Fantastic Mr Fox, како и на многу други места
Кристијан Де Вита неодамна ја освои
ASIFA ANIMATION ART  наградата  во Италија, која препознава посветеноста на оние што најмногу придонела во текот на годината за раст и подобрување на "италијански и интернационални забава" како уметнички така и професионално и културна. Таа во моментов работи на Бартоновиот Frankeweenie и  продолжува да дава квалитетна работа во индустријата која е постојано се движат побрзо и побрзо: 25 фрејмови во секунда.

JUMP


JUMP from Julien Regnard on Vimeo.

Краток  филм  на  Julien Regnard.  Кој е создаден како дипломска работа на универзитето Cambers од Брисел.

world between the mythical and the almost human

 Esther Verschoor создава кукли кој се создадени од животински черепи (черепети се земени од  препаратор кој гарантира за природната смрт на животните) Нејзините дела се темни но убави,се наоѓаат некаде помеѓу митолошкото и скоро човечкото



The Ship Song Project - Sydney Opera House


Преработка на бесмртна балада на Nick Cave - The Ship Song во изведба и настап на
Neil Finn, Kev Carmody и The Australian Ballet, Sarah Blasko, John Bell, Angus и Julia Stone, Paul Kelly и Bangarra Dance Theatre, Teddy Tahu Rhodes и Opera Australia, Martha Wainwright, Katie Noonan и The Sydney Symphony, The Temper Trap, Daniel Johns и Australian Chamber Orchestra.

Alvaro Tapia’s illustrations







The Smiths - Last Night I Dreamt That Somebody Loved Me

СФФ

Blondie - Accidents never happen

Ало

Ало, другарке сестро овде е другарот тасе на ката - од соба број 1 кревет број 2 до копатилото

Sun Glitters - eventide (feat. Niva & Charlee)


New video by Victor Ferreira for the collaboration track with the Niva & Charlee

Рецесија

Кризата обиколувајќи го целиот свет, стигнала до Македонија и рекла: Каде и да одиш, дома си е дома!

TURQUOISE DAYS - GREY SKIES

HENRY WALTZ - VISUAL TEASER

HENRY WALTZ - VISUAL TEASER from Emil Goodman on Vimeo.

ALIVE SHE DIED - " she's lost control "

New Order - Dracula's Castle

PHOTON INC. - GENERATE POWER

Буковски за алкохолот, пишувањето, стилот...

За алкохолот
Освен јас, алкохолот веројатно е една од најдобрите работи кои некогаш се случиле на оваа планета. Алкохол за поголемиот дел од луѓето е крајно разорувачки, а јас не спаѓам во таа група. Целото мое творештво се случи во состојба на пијанство. Со жените отсекогаш сум бил срамежлив во водењето љубов, па алкохолот сексуално ме ослободуваше. Јас во основа сум повлечена личност, а алкохолот ми овозможува да станам херој кој лета низ времето и просторот правејќи ги сите тие смели работи.


За пишувањето
Напишав расказ од гледна точка на силувач кој силува девојче. Луѓето ме обвинија. Имав интервју и новинарот ме праша: "Сакате ли да силувате девојчиња?" Му одговорив: "Се разбира дека не. Јас го фотографирам животот." Имам многу проблеми заради моите гомненици. Од друга страна, проблемите распродадоа некои мои книги. Но кога пишувам, талогот е само за мене. Никогаш не пишувам преку ден. Тоа е како кога човек би трчал гол низ полици во продавница. Само преку ноќ. Тогаш почнува магијата.


За луѓето
Можно е да се сакаат човечките суштества ако не ги знаете премногу добро.


За славата
Славата разорува! Таа е курва, кучка, уништувач... Иако јас имам среќа, затоа што сум славен во Европа, а непознат во Америка. Славата навистина е ужасна.


За цинизмот
Отсекогаш ме обвинувале дека сум циник. Мислам дека цинизмот е кисело грозје. Сметам дека цинизмот е слабост. Цинизмот секогаш порачува дека сè е погрешно. Цинизмот е слабост која го спречува човек да се приспособи на околностите на мигот. Да, дефинитивно тоа е карактерен недостаток, исто како и оптимизмот. Вистината лежи некаде помеѓу. Тоа е тоа. Ако не си во состојба да се соочиш со неа, баш ми е жал!


За гениите
Генијот е во состојба најсложените работи да ги каже на едноставен начин.


За стилот
Јованка Орлеанка имаше стил. Исус имаше стил.


Беше еднаш...
Беше зима. Се обидував да бидам писател во Њујорк. Немав јадено ништо три или четири дена. Мислев дека ќе умрам од глад. На крајот реков: "Одам да купам голема кеса пуканки." Толку долго немав пробано храна што ми се чинеше дека пуканките се нешто највкусно што некогаш сум го пробал. Секоја пуканка беше како месен нарезок. Ги џвакав лакомо, а мојот стомак со секоја голтка кажуваше: "Ти благодарам, благодарам, благодарам!" Ми изгледаше дека сум во рајот. Шетав по улицата и поминав покрај двајца момци. Еден викна: "Боже!" Другиот го праша што се случило.
- Го виде ли типон што јаде пуканки? Боже, баш е грозен!
Пуканките ми преседнаа. Мислев, што му значи тоа дека сум грозен? Па, јас сум на седмо небо. Претпоставувам дека малку бев валкан. Наместо тоа може да кажат дека сум сјебан.


Опасноста од пушење
Сакам да пушам. Пушењето, од една, и алкохолот, од друга страна, го доведуваат човек во рамнотежа. Често ми се случуваше да се пробудам од пијанство, да погледам во своите пожолтени прсти и да си кажам да себеси: "Гомненици, на што ли личат белите дробови?"


Негативни критики
Ми се допаѓа кога ме напаѓаат. Текстовите од типот Буковски е одвратен ме засмејуваат. Кога ќе прочитам дека сум ужасен писател, уште повеќе се смеам. Пријателите ми кажуваат дека за мене учат на тој и тој факултет, а јас се чудам. Не знам... да се биде премногу прифатен е страшно. Во тој случај се чувствувам дека сум направил нешто погрешно.

The Sun Ain't Shining No More - Song by: The Asteroids Galaxy Tour



The Sun Ain't Shining No More video is a retro homage to the sunshine bleached days of carefree youth. The video was shot in the bands' native city of Copenhagen and suits as a perfect accompaniment to the track which is released as a digital download on 9th March 2009.

Stay tuned to http://www.theasteroidsgalaxytour.com for further details

Gang of Four - Damaged Goods

2014

А. Аверченко: Автобиографија

Уште за петнаесет минути пред моето раѓање јас не знаев дека ќе се родам. Само
по себе ова е ситно посочување, јас го чинам само затоа што сакам да ги предупредам
за четврт час сите други истакнати луѓе, чиј што живот со зачудувачка едноличност
се опишува задолжително од моментот на раѓањето. Ете, тоа.
Кога акушерката ме принесе до татко ми, тој со изглед на зналец го погледна она
што бев јас и воскликна:
- Можам да се обложам дека ова е син!
“Стар лисецу”, внатрешно се насмевнав, “ти играш само на сигурно!”
Од тој разговор започна нашето познанство, а подоцна и пријателство.
Од скромност јас нема да го посочам фактот дека на денот на моето раѓање биеја
сите камбани и имаше општонароден восхит. Злите јазици го сврзуваат тој восхит со
некој голем празник, што се совпадна со денот на моето појавување на свет, но јас
досега не сфаќам, каква врска има некаков си празник?
Штом ја загледав околината, јас решив дека за почеток, треба да пораснам. Јас
тоа го извршував со такви напори, што на осум години еднаш го видов татко ми да
ме земе за рака. Секако, и пред тоа мојот татко повеќе пати ме земаше за посочениот
орган, но претходните обиди не беа ништо повеќе од реални симптоми на татковска
нежност. Во сегашниот случај, тој, освен другото, ми натна мене и себеси на главата
по една шапка и ние излеговме на улица.
- Каде тоа одиме, по ѓаволите? - прашав јас со непосредност, што секогаш ме
красеше.
- Треба да учиш, - ми одговори татко ми.
- Многу ми е тоа потребно! Не сакам да учам! - реков јас.
- Зашто? - ме праша тој.
За да се извлечам, јас го наведов првото што ми падна напамет и реков:
- Јас сум болен.
- Што те боли? - продолжи да ме прашува татко ми.
Јас во себе ги изброив сите свои органи и го одбрав најнежниот:
- Ме болат очите.
- Хмм... Штом е така, одиме на доктор, - реши мојот татко.
Кога дојдовме на доктор, јас се удрив во него, во неговиот пациент и турнав една
масичка.
- Значи, момче, ти ништо не гледаш? - ме праша докторот.
- Не гледам сосема ништо, - одговорив јас, премолчувајќи го остатокот на фразата,
што си ја довршив во умот, велејќи, “добро во учењето”.
Легендата дека сум болникаво, слабичко момче, коешто не може да учи, растеше
и се зацврснуваше, а јас самиот најмногу придонесував во тоа. Мојот татко, бидувајќи
трговец по професија, не ми обрнуваше никакво внимание, постојано зафатен со
грижи и со планови: на кој начин и што поскоро да осиромаши? Тоа му беше животна
желба и треба да му се даде признание, добриот старец ги достигна своите стремежи
на беспрекорен начин. Тој го стори тоа со соучесништво на цела плејада крадци кои
му ја поткраднуваа продавницата, на купувачи кои планирано и постојано купуваа на
вересија и на пожари што ги пеплосуваа оние стоки на татко ми, кои не беа разграбани
од крадците и од купувачите.
Крадците, купувачите и пожарите долго време стоеја како yид меѓу мене и татко ми
и јас ќе останев неписмен да не им паднеше на моите постари сестри забавна мисла,
што им нудеше нови можности: да се зафатат со моето образование. Очигледно,за нив бев лакомо парче, зашто заради мошне сомнителното задоволство да го
просветлат мојот мозок со светлината на науката, сестрите не само што спореа меѓу
себе, но еднаш дури се фатија гради в гради и резултатот на битката, шинат прст,
воопшто не ја олади учителската страст на постарата сестра љуба.
На тој начин, врз заднината на роднинската грижа, љубов, пожари, крадци
и купувачи се одвиваше моето растење и се развиваше мојот свесен однос кон
околината.
Кога наполнив петнаесет години, татко ми, кој со сожалување се збогува со
крадците, купувачите и пожарите, еднаш ми рече:
- Ти треба да работиш.
- Ама јас не знам, - одговорив, според обичајот одбирајќи ја позицијата што
можеше да ми гарантира целосен и безгрижен мир.
- Глупости! - ми одговори татко ми, - Серјожа Зелцер не е постар од тебе, а веќе
работи!
Тој Серјожа беше најголемиот кошмар на мојата младост. Чисто, внимателно
Германче, наш сосед од куќата, Серјожа од најраната возраст ми се ставаше за пример
на издржаност, на трудољубивост и на уредност.
- Погледни го Серјожа, - тажно ми велеше мајка ми, - момчето работи, ја заслужува
љубовта на раководството, знае да разговара, слободно се однесува во друштво,
свири гитара, пее. А ти?
Обесхрабрен од ваквите попречувања, јас веднаш �� приоѓав на гитарата што
висеше на yидот, ја удирав струната, започнував да пискам со ужасен глас некоја
непозната песна, се обидував да бидам послободен клоцајќи ги yидовите, но сето тоа
беше лошо, сето тоа беше втора сорта. Серјожа остануваше недофатлив!
- Серјожа работи, а ти уште не работиш, - ми префрли татко ми.
- Можеби Серјожа дома жаби јаде, - одговорив јас штом размислив. - Значи, и
мене ќе ми наредите?
Ќе наредам, ако затреба! - извика татко ми и тропна со раката по масата. - По
ѓаволите! Има свилен да ми бидеш!
Како човек со добар вкус, мојот татко од сите платна ја претпочиташе свилата и
ниту еден друг материјал не му се чинеше достатно подобен за мене.
Го паметам првиот ден на мојата работа, што требаше да ја започнам во некоја
сонлива канцеларија за товарен транспорт. Јас стигнав таму во осум часот наутро и
затекнав само еден човек во елек и без палто, мошне скромен и љубезен. “Веројатно,
ова е директорот”, помислив јас.
- Добар ден! - му реков и цврсто му ја стегнав раката, - како сте, што правите?
- Добар сум, седнете да поразговараме.
Ние пријателски запаливме цигари и јас започнав дипломатски разговор за мојата
идна кариера, му раскажав сé за себе. Неочекувано, зад нас се слушна извик:
- Ти, будало, зашто досега ниту прашината не е избришана?
Оној, кого го сметав за директор со исплашен крик скокна и се фати за крпата.
Раководниот глас на штотуку влезениот младич ме убеди дека сега имам работа со
директорот.
- Добар ден, - му реков, - како сте, како живеете?
(Ја одржав внимателноста и светскоста во духот на Серјожа Зелцер.)
- Добар сум, - ми одговори младиот господин, - вие сте нашиот нов службеник?
Мошне сум радосен!
Ние пријателски се зазборевме и ниту забележавме кога во канцеларијата влезе
човек на средни години, кој го фати младиот господин за рамената и извика на сиот
глас:
- Така ли вие, ѓаволски мрзливецу, ги подготвувате сметките? Ќе ве избркам ако
не работите?
Господинот што мислев дека е директор пребледе, тажно ја спушти главата и
седна на своето место. Директорот се спушти во фотелјата, се навали на наслонот и
започна да ме испитува за моите таленти и способности.
- Каков будала сум, - си мислев во мене. - Како можев да не сфатам какви птици се
моите претходни соговорници. Ете, ова е раководител, веднаш се гледа.
Во тоа време во претсобјето се слушнаа нечии чекори.
- Погледнете, кој е таму? - ме праша директорот.
Јас погледнав во претсобјето и успокоено соопштив:
- Некое шугаво старче си го симнува палтото.
Шугавото старче влезе и повика:
- Десет е часот, а никој од вас ништо не работи! Ќе му дојде ли некогаш крај на тоа!
Претходниот важен раководител скокна во фотелјата како топка, а младиот
господин, наречен од него мрзливец ме предупреди на уво дека дојде директорот.
Така ја започнав мојата кариера.
Јас работев во канцеларијата крајно несмасно и до денес не можам да сфатам,
зашто мене таму ме трпеа шест години, мрзлив, јас ја гледав работата со одвратност
и по секој повод спорев не само со благајниците, но и со директорот. Веројатно,
затоа што бев мошне весел човек, кој со радост го гледа широкиот Божји свет,
кој ја одложува работата заради смеа, шега и низа од сложени анегдоти, што ги
освежуваше другите, зафатени со работата, со здодевните сметки и интриги.
Мојата литературна дејност започна во 1904 година и, како што ми се чини, таа
беше потполн триумф. Како прво, јас напишав расказ. Како второ, го однесов во
весникот “Јужен крај”. И како трето, а јас и досега мислам дека тоа е најглавното,
како трето, него го објавија!
Јас не добив хонорар за него, кој знае зашто, а тоа е мошне неправедно, затоа
што веднаш по објавувањето на расказот, претплатата и продажбата на весникот се
удвоија...
Истите завидливи, зли јазици, оние кои се обидоа да го сврзат денот на моето
раѓање со некаков си друг празник, го сврзаа и фактот на зголемената продажба на
весникот со почетокот на руско-јапонската војна. Но, барем ние со вас знаеме што е
вистината.
Штом за две години напишав четири раскази, решив дека достатно работев на
полето на руската литература и решив темелно да се одморам, но дојде годината
1905 и ме потфати, ме заврте како иверче.
Почнав да го уредувам списанието “Бајонет”, што во Харков имаше огромен успех
и сосема ја напуштив работата... Грчевито пишував, цртав карикатури, редактирав и
корегирав и на деветтиот број стигнав дотаму, што генерал-гувернерот на градот,
Пешков ме казни со пет стотини рубли, мечтаејќи дека јас веднаш ќе ги исплатам од
мојот џеб.
Се откажав заради многу причини, но главните беа: отсуство на пари и несакање
да му ги поднесувам каприците на лекомислениот администратор.
Штом ја виде мојата непоколебливост, а казната беше без замена со затворска
казна, Пешков ми ја симна цената на сто рубли. Јас се откажав.
Ние се ценкавме како цигани и јас одев кај него најмалку десет пати. Тој никако не
успеа да ги исцеди парите од мене. Тогаш, навреден, тој рече:
- Еден од нас ќе мора да си замине од Харков!
- Ваше превосходство! - му одговорив јас, - да им го понудиме тоа на жителите:
кого тие ќе одберат?
Бидејќи во градот ме сакаа и до мене дури допираа магловити сплетки за желбите
на граѓаните да го овековечат мојот лик со поставување на споменик, господин
Пешков не посака да си ја ризикува популарноста.
И јас си заминав откако стигнав да издадам уште три броја на списанието “Меч”,
кое беше толку популарно, што неговите примероци може да се пронајдат дури и во
јавните библиотеки.Стигнав во Петербург токму за Нова година.
Повторно имаше илуминации, улиците беа украсени со знамиња, транспаренти и
фенерчиња. Но, јас веќе ништо нема да речам! Ќе си молчам.
Ионака мене некојпат ме обвинуваат дека за своите заслуги мислам повисоко
отколку што тоа го бара обичната скромност. Можам да дадам чесен збор, кога ја
видов сета таа илуминација и радост, јас сторив изглед дека сосема не ја забележувам
најневината итрина и сентименталните, простодушни обиди на градската управа да
го украсат моето прво доаѓање во големиот непознат град... Скромно, инкогнито
седнав на фијакер и инкогнито заминав во местото на својот нов живот.
И ете, јас го започнав.
Првите мои чекори беа сврзани со основаното од нас списание “Сатирикон” и
јас досега го сакам како сопствено дете, тоа прекрасно, весело списание. (Годишна
претплата 6 рубли, полугодишна - 3 рубли.)
Неговиот успех напола беше мој успех, јас сега со гордост можам да речам дека
редок е културниот човек кој не го знае нашиот “Сатирикон” (годишно 6 рубли,
полугодишно 3 рубли.) Но, на ова место јас �� приоѓам на најдоцната, најблиска ера и
нема да речам, но секој ќе сфати зашто јас на ова место смолкнувам.
Од чувствителна, нежна до болезливост скромност - јас замолкнувам.

EKV Revisited - Anestezija

Zola Jesus - Night (Live on KEXP)

Di Nigunim

Di Nigunim is an anarcho-klezmer punk collective from San Diego. Politically and musically radical, Di Nigunim plays an intense brand of punk rock inspired by traditional Jewish music and employing an expansive rotating roster of musicians who rip shit up on accordion, piano, sax, trumpet, and drums.

Јержи Кукучка



Дојде зима! Онаа вистинската - со снегче :) Додека полека стивнуваат забревтаните вести за искачувањата во постмонсунската сезона, многу ретко се слуша за некои планирани искачувања во Хималаите во зимски услови. Посебно пак за највисоките планини... Да не го должиме многу воведов, во следниов период ќе објавиме по некој текст за силните полски алпинисти кои го редефинираа хималаизмот. Алпинисти - кои покажаа дека може да се качуваат овие планини и во зимски услови, па при тоа „дури“ и во алпинистички стил и/или по нова насока.
Еден од тие алпинисти е и Јержи Јурек Кукучка. Барем од аспект на „сите 14“ меѓу полските алпинисти тој доаѓа прв на список - а втор на оној официјалниот заостанувајќи зад Меснер за само неколку месеци.
Јурек не само што се качи на сите 14 планини повисоки од 8000м – тој тоа го направи во период од осум години! На Меснер му беа потребни 16 години да ја комплетира листата. Затоа Меснер во една прилика кажа: „Кукучка не беше втор. Тој беше Голем!“ 

Нови насоки, во зимски услови, во алпинистички стил

Друг интересен факт е тоа дека Кукучка се искачи на „сите 14“ преку нови насоки и/или во зимски услови. Да бидеме поточни, кога го заврши тој проект тој зад себе имаше девет нови насоки, од кои една соло, пет искачувања беа во алпинистички стил и четири во зимски услови...
После секое искачување тој бараше нов предизвик. Сакаше да се искачи на сите, но сакаше поголем предизвик. Сакаше да ги открива границите, а не да се докажува...
Чо Оју, Шишапангма, Еверест – сите овозможуваат сериозни предизвици за навистина храбрите алпинисти, сé додека пристапот е во стил на Кукучка.

Рударот и светлината

Експедициите на Кукучка имаа и друг предизвик: финансиите. Тој беше роден во Катовице во 1948 година, а неговиот живот на никој начин не беше поврзан со светот на големите височини и фантастичните планини – Јурек беше рудар.
Неговите почетни авантури на некој начин беа поврзани со работата. Неговиот прв контакт со јажиња и карабинери не беше преку качувањето туку преку спелеологијата. Сонот на Јержи за врвот на светот буквално започна во подземјето.

Излегувањето

Во комунистичка Полска, трошењето на големи суми пари за нешто крајно непродуктивно како алпинизмот – беше едноставно апсурдно. Пронаоѓањето на спонзори беше многу тешко. На тоа се надоврзуваше и предизвикот да можеш и воопшто да излезеш од Полска. Добивањето визи беше тешко за луѓето позади „железната завеса“, а посебно за рударите – веројатно подеднакво тешко како и насоките кои беа во план да се качуваат.

Патење и ладнокрвност

На Јержи не му недостасуваше мотивација. Лошата среќа во животот го направи да биде посилен – во умот и телото. Меснер еднаш прокоментира како Кукучка во Хималаите беше „Силниот човек“.
Неговиот партнер, Војтек Куртика за него имаше кажано: „Јурек беше психички силен како носорог. Посилен од било кој друг алпинист кој сум го сретнал. Можеше многу да пати и беше ладнокрвен во опасни ситуации.’

Бавна аклиматизација

Бавно се аклиматизираше, но тоа не го запираше. Компензираше со неверојатната издржливост и не постоеше преголема пречка за него. Всушност – колку потешки беа работите, толку за него тоа беше со поголем предизвик.
Можеше „да лета“ по планините само со својата волја. Во 1970-тите имаше направено силни искачувања во Татрите, Доломитите (зимско искачување на јужната страна на Мармолада) и во масивот на Монт Блан (Дру, Гранд Жораз – во зимски услови)
 
Лотце - пресвртница

Оваа планина беше првата повисока од 8000м за Јержи и почеток на неверојатна кариера. Во моментот кога застана на врвот и погледна надолу кон јужната страна, Лотце стана посебна планина – место на кое треба да се врати. Никој не можеше ниту да замисли дека таа ќе стане и негово вечно почивалиште. 

Јужниот столб на Еверест

Јержи Кукучка, Анджеј Чок, Анджеј Хајнрих и Јануш Скорек се искачија по нормалната насока на Лотце во нормалната (постмонсунска) сезона на 4-ти Октомври 1979 година. Тоа беше сосема логично како за прво такво искуство, но следното требаше да биде нешто поголемо.
И беше: како за почеток беше повисоко. Всушност највисоко. А насоката – таа не постоеше сé додека Јурек и Чок не ја осмислија. На 19-ти Мај 1980 година на Еверест беше искачена нова линија по јужниот столб. Ова беше единствен момент кога Кукучка користеше дополнителен кислород.

Двоен Макалу, два пати на Броад Пик, Гашербрумите во алпинистички стил

Следната година (1981) Кукучка оствари двојна цел на Макалу – најпрво варијанта на Макалу Ла – големото седло помеѓу главниот врв и Макалу 2, а потоа и северозападниот гребен – соло.
Следен беше Броад Пик. Во 1982 година Кукучка се врати во Хималаите со својот партнер Куртика да се искачат по нормална насока на оваа планина. Но чувствувајќи се незадоволни, две години подоцна (1984) двајцата се вратија и искачија нова насока, вклучувајќи ја и пречката на трите врва на Броад Пик.
Во 1983 година повторно заедно со Куртика – се качуваат на Гашербрум 1 и Гашербрум 2 по нови насоки и во алпинистички стил.

Започнуваат студените искачувања

1985-тата година започна спектакуларно за Јурек. Заедно со Чок се качија на Даулагири на 21-ви Јануари. А пред да заврши зимата, заедно со Чок им се приклучија на Бербека, Павликовски и Хајнрих и искачија нова насока по југоисточниот столб на Чо Оју! На врвот беа на 15-ти Февруари и тоа беше прв пат да биде искачена нова насока на планина повисока од 8000м во зимски услови.
Летото истата година заедно со Хајнрих, Лукашевски и младиот мексиканец Карлос Карсолио (кој ќе стане најмладиот кој се качил на „сите 14“) – искачија нова насока на Нанга Парбат – по југоисточниот столб.
Значи во една година – три планини повисоки од 8000м – две во зимски услови и две нови насоки!

Уште една зима

Заедно со Виелицки се искачуваат по нормалната насока на Канченџунга на 11-ти Јануари 1986 година.

К2 – во стил на Кукучка

За да се одржи нивото – следна планина мораше да биде токму К2. Тоа што заедно со Пјотровски го направија беше вистинска лекција по екстремен алпинизам. Насоката која ја поминаа по јужната страна сé уште не е повторена. Нивната насока по која ретко кој се обидува да се искачи е комбинација на континуирана тешка техничка тежина и самоубиствено експонирани детали. На врвот застанаа на 7-ми Јули, но за жал при симнувањето Пјотровски загинува на гребенот Абруци.
Истата година во зимски услови се качува на Манаслу по нова насока. Заедно со Хајзер ја искачуваат северноисточната страна.

Така и во 1986 година искачува три планини повисоки од 8000м – една во зимски услови и две преку импресивни насоки. За помалку од осум години му останаа уште две од највисоките:

Анапурна и Шишапангма

Заедно со Хајзер преку северната страна на Анапурна на врвот застануваат на 3-ти Февруари 1987 година, а преку нова насока истиот тим прави искачување на источниот гребен на Шишапангма застанувајќи на врвот на 18-ти Септември 1987 година. 

Ho има уште

Јурек имаше недовршени работи во највисоките планини. Во 1988 година со Хајзер се искачија по источната страна на Анапурна Исток иако првичен план им бил јужната страна на Анапурна.
Во 1989 година конечно му се остварува сонот да влезе во до тогаш неискачената јужна страна на Лотце. На планината на која за него сé започна во светот на највисоките планини – загинува на висина од 8350м...
Не смееме да го заборавиме!

The Temper Trap - Sirens

o_O

Amy J. Winehouse (14 September 1983 – 23 July 2011) -Back To Black

Terry Richardson - Amy Winehouse






   

You Know I'm No Good



Ејми Џејд Вајнхаус (Лондон, Велика Британија, 14 септември 1983 - ibid. 23 јули 2011[1][2]) била англиска пејачка и текстописец, позната по својот електричен микс од различни музички жанрови, вклучувајќи Р&Б, соул и џез. Вајнхаус е најдобро позната по нејзиниот моќен контраалт вокал.Деби албумот на Вајнхаус од 2003 Frank беше критично успешен во Велика Британија, а беше номиниран за наградата Mercury. Нејзиниот следен албум од 2006 “Back to Black“ ја доведе до шест Греми номинации и пет победи, остварувајќи рекорд за најмногу победи од женски артист во само една ноќ, и со тоа Вајнхаус стана првата британска пејачка која добила пет Греми, вклучително и три од "Големата четворка": најдобар нов изведувач, плоча на годината и песна на годината. На 14 февруари, 2007 година, таа е добитник на наградата Brit за најдобар британски женски изведувач и исто така била номинирана за најдобар британски албум. Таа е три пати добитник на наградата Ivor Novello, прво во 2004 година за најдобра современа песна (музички и лирски) за "Stronger Than Me", потоа во 2007 година за најдобра современа песна за "Rehab" и во 2008 година за најдобра песна (музички и лирски) за "Love is a losing game", како едни од најпрестижните. Албумот е трет меѓу најпродаваните од 2000-тите во Обединетото Кралство. Вајнхаус се согласи да формира група со тапанарот на The Roots, Куестлов. Вајнхаус е заслужна за влијанието во зголемувањето на популарноста на женските музичари и соул музиката како и за оживувањето на британската музика. Карактеристичниот стил на Вајнхаус претставувал и муза за модните дизајнери, како што се Карл Лагерфилд.
повеќе

М. Зошченко -Ситен случај од личниот живот

Стојам јас еднаш на кино и очекувам една дама.
Овде, треба да се рече, една особа ни се допадна. Таква една, доволно привлечна
девојка без деца. Службеничка.
Па, секако, љубов. Средби. Различни такви зборови. И дури пишување на песни на
тема, никако не поврзана со градежништвото, нешто како: “Птицата на гранка скока,
сонцето на небо блеска... Примите го, мила моја, поздравот... И нешто, не се сеќавам
што, та-та-та-та... боли...”
љубовта во таа смисла, секогаш негативно се одразува врз погледите на свет
на одредени граѓани. Се забележува некојпат тага и различни хумани чувства. Се
забележува некаква си жал за луѓето и за рибите и желба да им се помогне. И срцето
станува некако премногу чувствително. Што е сосема одвишно во денешно време.
Значи, еднаш стојам во кино со своето чувствително срце и ја очекувам мојата
дама.
А таа, бидејќи е службеничка и работата не �� е премногу битна - таа сака да си
доцни. На работа секако, за тоа е строго. А овде, таа знае - за две доцнења нема да
ја истераат. Ете така таа си го зема своето на лична почва и на хумани чувства.
Значи, јас стојам како будала и чекам.
Така - редот пред касата си тече. Така - вратата се отвара на улица, влегувајте.
Така - јас си стојам. И некако енергично си стојам, весело. Ми оди да пеам, да се
веселам, да се глупирам. Самак некого да турнам, да се пошегувам или за нос да
фатам. Во душата пеење се слуша и срцето ми се раскинува од среќа.
И ненадејно гледам - стои пред влезната врата сиромашно облечена старичка.
Има такво искинато палтенце, прастари чевли со дупки.

И си стои таа старичка скромно пред вратата и со жални очи ги гледа оние, кои си
влегуваат, очекувајќи, ќе дадат ли нешто.
Другите на нејзино место обично дрско стојат, намерно пеат со тенки гласчиња
или зборуваат некакви си француски зборови, а оваа си стои скромно и дури некако
срамежливо.
Хуманите чувства го преполнуваат моето срце. Јас го вадам паричникот, малку
ријам во него, вадам рубла и со чисто срце, со мал наклон ја давам на старицата.
Старицата ја погледна рублата и рече:
- Што е ова?
- Ете, - велам, - примете, мајко, од непознатиот.
И ненадејно гледам - �� пламнаа образите од длабока вознемиреност.
- Чудно, - ми вели, - јас не питам. Што ми давате пари? Можеби, јас ќерката си ја
чекам - сакам со неа во кино да одам. Многу, вели, навредливо ми е вакви факти да
гледам.
Јас велам:
- Се извинувам... како така... Јас ниту самиот не сфаќам... Пардон... велам.
Навистина, погрешив. Не сфатив кому што му треба. И кој за што чека. Шега ли е,
толку народ...
Но старицата го крева гласот до целосна пискотница.
- Што е тоа, - вели, - во кино не можеш да појдеш - ти ја навредуваат личноста!
Како, вели, рацете не ви се исушат, такви гестови да правите? Па јас подобро ќе си ја
дочекам ќерката и со неа во друго кино ќе одам, отколку со вас да седам и да дишам
со заразен воздух.
Јас ја фаќам за рацете, се извинувам, молам да ми прости. И што поскоро си одам
настрана, инаку, си мислам, ќе ме соберат во милиција, а јас дама очекувам.
Наскоро доаѓа мојата дама. А јас стојам тмурен и блед, и дури помалку заглупен и
се срамам да гледам по страните, да не ја видам мојата навредена старичка.
Тогаш јас ја земам картата и со ситен чекор се влечкам по мојата дама.
Ненадејно некој ми доаѓа одзади и ме зема за лактот.
Јас сакам да се свртам и да си одам, туку гледам - пред мене е мојата старица.
- Извинете, - ми вели, - тоа вие ли ми дадовте рубла пред малку?
Јас нешто неразбирливо си мрморам, а таа си продолжува:
- Овде, не се сеќавам кој, ми даде рубла... Мислам, вие. Ако сте вие, тогаш добро,
дајте ми. Овде ќерката не пресмета, а другите места се поскапи, отколку што мислевме.
А во задните редови јас ништо не гледам, од причина на слабите очи. Се извинувам,
вели, што ве потсетив.
Јас го вадам паричникот, но мојата дама ги вметнува следниве зборови:
- Сосема, ми вели, нема зашто да се расфрлуваш со пари. Ако е веќе за тоа, подобро
кисела вода во бифето да се напијам.
Јас велам:
- Кисела вода ќе добиете, не цмиздрете. Но рубла јас морам да дадам. Може
секакви парични недостатоци да се случат. Треба другарски да се однесуваме.
Не, јас сепак �� дадов рубла на старицата и ние во најлоши чувства седнавме да го
гледаме филмот.
Додека траеше музиката, дамата ме јадеше, велејќи дека за две недели на
познанство јас не можев да �� купам парфем, а меѓу другото, прашина во очи фрлам и
делам рубли лево и десно.
На крајот, пуштија весела комедија и ние, заборавајќи на сé, весело се смеевме.
А таа старица седеше со ќерката во наша близина и исто, некојпат весело гровташе.
И јас бев многу радосен, што �� го доставив тоа културно задоволство. И дури да ми
побараше таа мене две рубли, ќе �� дадев и око немаше да ми трепне.
Но тоа е ситен факт, а што се однесува до крупните работи, сврзани со пари, ние,
например, знаеме други случаи.

Laura Guarie