Велешката топилница веднаш по нејзиното отворање во минатиот век се покажа како најопасен и најголем загадувач на градот и околината.
Како резултат на повеќедецениското загадување забележани се повеќе сериозни аномалии и компликации кај жителите на градот и околните населени места, а загрижувачки е фактот што здравствените проблеми стануваат системски, особено кај новороденчињата.
Не помала штета има и почвата, а посебно обработливите површини за чија загаденост постојат детелни испитувања и експертски елаборати.
Затоа, да се бориме заеднички во нашите напори и да спречиме повторно загадувње.
Проглас против Топилница
Зелената коалиција, во која што партиципира и извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес го донесува следниот
П Р О Г Л А С
Ние жителите на Велес, загрижени за состојбата во која се наоѓа нашиот град, жртвa на над 30 годишното уништување на животната средина во Велес, поради најавите за повторно рестартирање на Топилницата во Велес, ОБЈАВУВАМЕ:
1 . Не се согласуваме со рестартирање на Топилницата во ВелесНие жителите на Велес, загрижени за состојбата во која се наоѓа нашиот град, жртвa на над 30 годишното уништување на животната средина во Велес, поради најавите за повторно рестартирање на Топилницата во Велес, ОБЈАВУВАМЕ:
2. Со работата на Топилницата се загрозува иднината на жителите на Велес, нашите поколенија и идните генерации
3. Не ја признаваме работата на вашите т.н. “експерти” кои десет години буквално ја лажеа јавноста дека во Велес нема загадување, а денес се испостави дека состојбата со здравјето на велешани и загадувањето на почвата е катастрофална
4. Ги повикуваме Метрудхем/Минеко во рок од 7 дена ЈАВНО ДА СЕ ОТКАЖАТ ОД НАМЕРАТА ЗА РЕСТАРТ НА ТОПИЛНИЦАТА, во спротивно ќе преземеме чекори за прогласување на фирмата за “COMPANIA NON GRATA”, односно НЕПОЖЕЛНА ФИРМА ВО ВЕЛЕС.
5. Ја повикуваме Владата на Р.Македонија и МЖСПП да го СПРЕЧАТ ПОВТОРНОТО РЕСТАРТИРАЊЕ на Топилницата во Велес и ДА ГО ЗАШТИТАТ ВЕЛЕС ОД ЦЕЛОСНО УНИШТУВАЊЕ