Monday, September 14, 2009

Ленинистичка слобода



featuer-91-compensation1-po.jpg
Не е ли темелна карактеристика на денешниот „постмодерен“ субјект фактот дека тој е, всушност, целосна спротивност на слободниот субјект кој, на крајот на краиштата, се доживува како одговорен за својата судбина,


Не е ли темелна карактеристика на денешниот „постмодерен“ субјект фактот дека тој е, всушност, целосна спротивност на слободниот субјект кој, на крајот на краиштата, се доживува како одговорен за својата судбина,


и не ли го темели авторитетот на својот говор на својот статус на жртва на околностите кои не можат да се контролираат? Секој контакт со друга личност се доживува како можна закана - ако другиот пуши, ако ме погледне со страствен поглед, веќе со тоа ме повредува. Претпоставката за субјектот како неодговорна жртва вклучува крајно нарцистичко гледиште од кое секоја средба со Другиот се сфаќа како можна закана за несигурната замислена рамнотежа на субјектот.
Расправајќи со меншевистичките критичари на болшевичката власт во 1920 година, на барање на еден од критичарите - „Како што и самите, господа болшевици, пред Револуцијата и вашето доаѓање на власт, се повикувавте на демократија и слобода, така и сега бидете љубезни и дозволете ни да ја објавиме критиката на вашите постапки!“, Ленин со зајадлив тон им вратил: „Се разбира, господа, дека ја имате сета слобода да ја објавите таа критика - но тогаш, господа, бидете толку љубезни и дозволете ни да ве наредиме покрај ѕид и да ве стреламе!“.
слободата во самата своја претпоставка е формална, а вистинската слобода, всушност, се изедначува со недостатокот на слободаОваа ленинистичка слобода на избор - не „Животот или парите„“ туку „Животот или критиката!“ - заедно со Лениновото отфрлање на либералната претпоставка на слободата, ја објаснува неговата лоша репутација меѓу либералите. Тие во многу нешта ја отфрлаат вообичаената марксистичко-ленинистичка опозиција меѓу формалната и вистинската слобода: како што повторно го нагласуваат дури и левичарските либерали како Клод Лефорт, слободата во самата своја претпоставка е формална, а вистинската слобода, всушност, се изедначува со недостатокот на слобода. Односно, Ленин во однос на слободата останува најдобро запаметен по својот познат говор „Слобода - секако, но за кого? Што да прави?“ - според Ленин, во гореопишаниот случај со меншевиците, слободата на меншевиците да ја критикуваат болшевичката власт всушност е истозначна со слободата да се поткопува власта на работниците и селаните во контрареволуционерни цели...

Не е ли денес, после ужасното искуство од реалсоцијализмот, очигледно на што се темели погрешноста на ваквото мислење? Како прво, тоа историската констелација ја сведува на затворена, сосем контестуализирана ситуација во која објективните последици од нечии дела се сосем предодредени („Независно од твоите намери, она што го правиш служи всужност за...“); второ, позицијата на искажување такви тврдења го присвојува правото на одлучување што значи објективно нечиј чин, и нејзината привидна објективност (сосредоточеност на објективното значење) не е појавниот облик на својата суштинска спротивност, субјективност без потсетување: јас одлучувам што значат објективно твоите потези, бидејќи јас го одредувам контекстот на ситуацијата (да речеме, доколку ја сметам својата моќ за непосреден еквивалент/израз на моќта на работничката класам тогаш секој што ќе ми се спротивстави, објективно е непријател на работничката класа).
Наспроти оваа целосна контекстуализација треба да нагласиме дека слободата е вистинска само и единствено како можност да се тргне од координатите на дадената ситуација, да се постават претпоставките на делување (како што би рекол Хегел), односно, да се редефинира самата ситуација во рамките во кои се случува. Всушност, како што нагласуваат многу критичари, изразот реален социјализам, скован за уверување во успехот на социјалистичките режими, сам по себе претставува доказ за нивниот конечен неуспех - изразот реален социјализам се појави токму во оној историски момент во кој социјализмот единствено беше определуван само од своето постоење...
Но дали ова е целата приказна? Како навистина функционира слободата во најлибералните демократии? Бидејќи претседателувањето на Клинтон го отелотворува Третиот пат на денешното (екс-) левичарско подлегнување пред десничарската идеолошка уцена, Клинтоновата реформа на здравственото осигурување сепак претставува своевиден акт, барем во денешните околности, бидејќи се темелеше на отфрлање на владејачките претпоставки за потребата за намалување на државните трошоци и администрацијата - на извесен начин, таа реформа би го постигнала невозможното. Затоа не треба да се чудиме зошто не помина: нејзиниот неуспех - можеби единствениот значаен, иако негативен, настан за мандатот на Клинтон - сведочи за материјалната сила на идеолошката претпоставка за слободен избор. Тоа покажува дека, бидејќи мнозинството т.н. обични луѓе не било соодветно запознаено со програмата на реформите, лекарското лоби (двапати посилно од озлогласеното одбранбено лоби!) успеало на јавноста да и’ ја наметне основната идеја дека универзалната здравствена заштита некако ќе го загрози слободниот избор (во медицината) - наспроти ова чисто фиктивно повикување на слободниот избор, сите набројувања на конкретните факти (во Канада здравството е поевтино и поефикасно, без никаква помала слобода на избор итн.) се покажаа како недоволни.
Еве нè во самото невралгично средиште на либералната идеологија: во слободата на избор, втемелена во претпоставката на психолошкиот субјект надарен со склоности кои сака да ги оствари. Ова посебно важи денес, во ерата на она што социолозите како Улрих Бек го нарекуваат општество на ризик, кога владејачката идеологија и самата несигурност предизвикана со распаѓањето на државата настојува да го прикаже како прилика за освојување нови слободи: морате да ја менувате работата секоја година, да се потпирате на краткорочни договори наместо на долгорочното стабилно вработување. Зошто во тоа да не видите ослободување од стегата на старата работа, можност за повторно да се создадете, да станете свесни за скриените можности на својата личност и да ги остварите? Повеќе не можете да се потпирате на вообичаената здравствена заштита и пензиското осигурување, туку морате да се одлучите и за дополнителна заштита која морате посебно да ја плаќате. Зошто во тоа да не видите можност за избор повеќе: или подобар живот сега, или долгорочна сигурност? Ако ваквите неприлики ве вознемируваат, идеологот на постмодерноста или другата модерност веднаш ќе ве обвини дека сте неспособни да ја усвоите претпоставката за севкупната слобода, дека бегате од слободата, дека незрело се држите до старите стабилни облици... Уште подобро, кога ова ќе се впише во идеологијата на субјектот како психолошка единка надарена со природни способности и склоности, тогаш, како по автоматизам, сите тие промени ќе ги толкуваме како постигнувања на мојата личност, а никако како последица на тоа дека пазарните сили ме вртат наоколу во вртлог.

Појавите слични на оваа само предупредуваат на неопходноста за повторно усвојување на спротивставеноста на формалната и вистинската слобода, но овојпат во нова, попрецизна смисла. Она што ни треба денес, во ерата на либералната хегемонија, е ленинистичка traité de la servitude libérale, нова верзија на Traité de la servitude volontaire на Ла Боети, која целосно би го оправдала привидниот оксиморон либерален тоталитаризам. Во експерименталната психологија првите чекори во оваа насока ги презел Жан-Леон Беаву со своите прецизни истражувања на парадоксите втемелени на слободата на избор на субјектот. Повторени се обидите да се утврди парадоксот: доколку, откако од две групи доброволци ќе добиеме согласност за учество во опитот, ги известиме учесниците дека експериментот ќе содржи и одредени непријатности, дека дури и ќе се коси со нивниот морал, а ако притоа на едната група есплицитно и’ ја понудиме можноста да се откаже, додека на другата не и’ го споменеме тоа, во обете групи истиот (многу висок) процент на учесници ќе продолжи да учествува.
Ова значи дека нудењето формална слобода на избор не прави никаква разлика: оние на кои таа слобода им е дадена ќе го сторат истото што и оние на кои им е (имплицинтно) ускратенаОва значи дека нудењето формална слобода на избор не прави никаква разлика: оние на кои таа слобода им е дадена ќе го сторат истото што и оние на кои им е (имплицинтно) ускратена. Сепак, ова не значи дека нагласувањето/давањето слобода на избор е безначајно: учесниците со слободата на избор не само што ќе го изберат истото што и оние кои ја немаат таа слобода, туку и ќе настојуваат да ја рационализираат својата слободна одлука за соработка во експериментот - неспособни да ја поднесат т.н. когнитивна дисонанса (свест слободна да делуваат спроти сопствените интереси, склоности, вкусови или норми), тие ќе настојуваат да го изменат своето мислење за она што од нив го бара експериментот. Да речеме дека на поединецот прво сме му понудиле да соработува во експеримент кој се однесува на менување на навиките на исхрана, со цел борба против гладот; потоа, откако ќе се согласи, при првата средба во лабораторија од него ќе побараме да голтне жив црв, со напомена дека, со оглед на слободата на избор, може да одбие доколку се гади. Во повеќето случаи учесникот ќе се покори на наредбата и потоа ќе ја рационализира, велејќи нешто како: „Од мене се бара да направам нешто одвратно, но бидејќи не сум страшливец, треба да покажам храброст и самоконтрола, инаку научниците во мене ќе видат слабак кој се откажува уште при првата мала пречка! Впрочем, црвите имаат многу белковини и би можеле да се искористат за исхрана на сиромашните - а кој сум јас да доведувам во прашање битен експеримент поради мојата малодушност? И конечно, можеби моето гадење е чиста предрасуда, можеби црвот воопшто не е лош - ако го пробам, тоа ќе биде ново и предизвикувачко искуство... Што ако тоа ми овозможи да ја откријам неочекуваната, малку перверзна димензија на мојата личност за која досега не сум бил свесен?“
Овде треба да го исправиме Беаву: директниот авторитаризам практично не постои - дури и најрепресивните режими јавно ја легитимираат својата власт со повикување на некаква виша Работа, и фактот дека на крајот „мораш да се покориш зашто јас ти велам така“ одекнува само како опсцен додаток кој се разоткрива меѓу редовите. Попрво стандардниот авторитаризам се повикува на некое вишо Добро („Какви и да се твоите склоности, мораш да се покориш на моите наредби поради вишото Добро!“), додека тоталитаризмот, како либерализмот, го интерпелира субјектот поради неговото сопствено добро („Она што може да ти изгледа како надворешен притисок, всушност е израз на твоите објективни интереси, твоите вистински желби за кои не си свесен!“). Разликата меѓу тоталитаризмот и либерализмот се наоѓа на друго место: тоталитаризмот му го наметнува на субјектот неговото/нејзиното сопствено добро, макар против негова/нејзина волја - да се сетиме на (не)славната изјава на кралот Чарлс: „Доколку би постоеле луѓе кои би му се спротивставиле на својот крал, својата земја и своето сопствено добро, ние ќе ги усреќиме - макар и против нивна волја.“ (Чарлс Први во пораката до грофот од Есекс, 6 август 1644 г.). Веќе овде ја наоѓаме подоцнежната јакобинска тема за среќата како политички фактор, како и сент-жистеновската идеја за присилна среќа... Либерализмот настојува да го избегне (или, пред сè, да го прикрие) овој парадокс, целосно фаќајќи се за фикцијата на непосредносто слободно самодоживување на субјектот („Не тврдам дека ги знам твоите желби подобро од тебе самиот - само погледни длабоко во себе и слободно реши што сакаш!“).
На одреден начин либерализмот е најлош од сите три облици, бидејќи причините за покорување ги натурализира во внатрешната психолошка структура на субјектотПричината за оваа грешка во аргументацијата на Беаву е фактот што неговиот неуспех не го гледа како провалиски тавтолошки авторитет (Господарското: „Така е зашто јас така велам“) не функционира само поради санкциите (казни/награди) кои имплицитно или експлицитно ги повикува. Односно, поради што субјектот слободно го избира она што му е наметнато, противно на неговите интереси и/или склоности? Овде, емпириското истражување на патолошката (во кантовско значење на изразот) мотивација не е доволно: изрекување на наредбата, која на својот адресат му наметнува симболички ангажман/обврска, ја покажува сопствената инхерентна сила, па така, на покорување наведува токму самиот момент кој може да ни изгледа како пречка - отсуство на секакво зошто. Овде може да ни помогне Лакан: лакановскиот Господар-Означувач ја произведува токму таа хипнотичка сила на симболичката наредба која се темели исклучиво на сопственото извинување - овде ја имаме симболичката ефикасност во нејзиниот најчист облик. Три начини на легитимирање на авторитетот (авторитарниот, тоталитарниот и либералниот) не се три начини на прикривање на заводливата моќ на овој празен повик, негова бездна. На одреден начин либерализмот е најлош од сите три облици, бидејќи причините за покорување ги натурализира во внатрешната психолошка структура на субјектот. Оттаму, парадоксално, либералниот субјект е најмалку слободен: тој ја менува само сопствената мисла/претстава за себе, прифаќајќи го она што му е наметнато како нешто што е во самата природа - тој дури веќе не е ни свесен за своето покорување.

Да ја земеме ситуацијата со распадот на реалниот социјализам во источноевроските земји околу 1990 г.: луѓето ненадејно се затекнаа во ситуација на слободен политички избор - каков и да е, и дали навистина во кој било момент им беше поставено основното прашање каков вид нов поредок сакаат? Зарем не се најдоа тие во токму онаа положба на субјект-жртва од експериментот на Беаву? Прво им беше кажано дека влегуваат во ветуваната земја на политички слободи; набрзо им беше соопштено дека тие слободи вклучуваат и дива приватизација, распад на општествената сиигурност, итн. итн. - тие и понатаму ја имаат слободата на избор, па доколку сакаат, можат да се откажат; но не, нашите Источноевропејци не сакаа да ги разочараат своите западноевропски тутори, стоички истрајаа на изборот што никогаш не ни го направија, убедувајќи се себе си дека треба да се однесуваат како зрели субјекти кои се свесни дека слободата има своја цена... Затоа претпоставката за психолошки субјект надарен со природни склоности, кој треба да го оствари своето вистинско Себство и неговите можности, и кој е одговорен за својот (не)успех, е клучната состојка на либералната слобода. Овде би требале да ризикуваме повторно воведување на ленинистичка опозиција на формална и вистинска слобода: токму низ чинот на вистинската слобода може да се осмелиме да ја скршиме оваа заводлива моќ на симболичката ефикасност.
Не се ли случи нешто слично на изумот на либералниот психолошки поединец во СССР во доцните 20-ти и раните 30-ти години? Руската авангардна уметност од раните 20-ти (футуризмот, конструктивизмот) не ја прифаќала индустријализацијата само фанатично, туку дури настојувала да измисли нов индустриски човек - наместо стариот човек со сентиментални страсти, вкоренет во традицијата, настапува новиот човек кој доброволно ја прифаќа улогата на завртка во координираната индустриска Машина. Тоа било субверзивно во самата своја ултраортодоксија, односно, во својата прекумерна идентификација со официјалната идеологија: сликата на човекот што ја имаме кај Ејзенштајн, Мејерхолд, на конструктивистичките слики и сл., ја нагласува убавината на неговите/нејзините механички движења, неговата/нејзината целосна депсихологизација. Она што на Запад се сметало за ултимативен кошмар на либералниот индивидуализам, за идеолошкиот контрапункт на тејлоризацијата, фордовската работа на фабричката лента, во Русија било славено како утописки нацрт на ослободувањето: да се сетиме како Мејерхолд го прифатил бихервиоријалниот пристап кон глумата - наместо емпатичка фамилијаризација со личноста која се глуми доаѓаат немилосрдните телесни вежби со цел постигнување железна телесна дисциплина, оспособување на глумецот да изведе низа механички движења... Тоа било она што во официјалната сталинистичка идеологија се обидувало да го врати социјализмот со човечки лик, односно, повторно да ја впише индустријализацијата во рамките на традиционалната психолошка единка: во соц-реалистичките текстови, слики и филмови, поединците повеќе не се прикажани како дел од глобалната Машина, туку како топли мали личности.
Очигледната замерка која овде се наметнува е: не е ли темелна одлика на денешниот постмодерен субјект тоа дека тој, всушност, е целосна спротивност на слободниот субјект кој се доживува како одговорен за својата судбинаОчигледната замерка која овде се наметнува е: не е ли темелна одлика на денешниот постмодерен субјект тоа дека тој, всушност, е целосна спротивност на слободниот субјект кој се доживува како одговорен за својата судбина, и не го ли темели тој авторитетот на својот говор на својот статус на жртва на околностите кои не можат да се контролираат? Секој контакт со друга личност се доживува како можна закана - ако другиот пуши, ако ме погледне со страствен поглед, веќе со тоа ме повредува; универзалната логика на виктимизацијата денес досега преку вообичаените случаи на сексуално или расистичко насилство - да се сетиме на растот на финансиската индустрија за обештетување, од исплаќање оштета од страна на американските тутунски компании на бившите пушачи до финансиските барања на жртвите од холокаустот и присилните работници во нацистичка Германија, или идејата дека САД треба да им исплатат стотици милијарди долари на Афроамериканците за сето она од кое биле лишени поради својето робовско минато... Претпоставката за субјектот како неодговорна жртва вклучува крајно нарцистичко гледиште од кое секоја средба со Другите се доживува како можна закана за за несигурната замислена рамнотежа на субјектот; како таква, таа не е спротивна на либералниот слободен субјект туку попрво е негов инхерентен додаток: во денешниот преовладувачки облик на индивидуалноста, самоцентрираната потврда на психолошкиот субјект парадоксално се преклопува со неговото самодоживување на жртва на околностите.

Маркирани планински патеки - Про ет контра

Маркирани планински патеки - Про ет контра  




26.08.2009г. Во Шкотска нова дебата - овој пат започната од новинар кој предлага маркирање на планинските патеки. Следува одговор на Планинарскиот Совет на Шкотска на оваа негова иницијатива:
„Маркирањето – оглупување на планината“

Планинарскиот Совет на Шкотска е против маркирањето на планинските патеки:
„Со тоа не значи дека не ги охрабруваме и подржуваме луѓето кои сакаат да уживаат во планините – независно дали се планинари или алпинисти.

Сакаме да бидеме сигурни дека луѓето ги разбираат ризиците со кои може да се сретнат кога влегуваат во планините и дека треба да знаат да бидат безбедни што е можно повеќе постигнувајќи го тоа – подготвувајќи се за искуството и имајќи ги основните навигациски способности. Нашиот став го базираме на познавање на односот помеѓу незгодите во планините и повиците во планинските спасителни служби и нивната причина.

Планините во Шкотска нудат неверојатен опсег на различни искуства за луѓе од различни возрасти и способности. Единствен начин како да се има што побезбедно искутсво е луѓето да знаат да бидат што посамостојни и да ги имаат основните познавања.

Луѓето кои го буткаат маркирањето на патеките велат дека тоа ќе ја намалело потребата за мапа и компас и ќе охрабрело омасовување – повеќе луѓе да станат активни во планините.

Ние веруваме дека познавањето за употреба на мапа и компас е основно нешто што некој треба да знае кога се упатува кон некоја планина и дека тоа може да го спаси нивниот живот.

Веруваме дека маркираните патеки ќе ги охрабрат луѓето да започнат авантура која е надвор од нивниот капацитет и која може да доведе до проблем.

Кои би биле други проблеми со маркациите? Познатите временски услови во Шкотска, слабата видливост, ветер, дожд, снег кој може да падне речиси во било кое време во годината – може да ги изместат, оштетат или покријат маркациите. Што би правеле во такви услови недоволно искусните планинари? Кој би одлучувал каде да се постават маркациите? На колкава оддалеченост? Кој ќе се грижи за нив? Кој ќе одговара кога поради проблем со маркациите – планинари би се изгубиле, повредиле или и полошо?

Некои велат дека како што другите земји имале маркирани патеки така и ние би требало да имаме. Како пример се даваат и маркирани патеки кои водат од еден планински дом до друг.... Во Шкотска имаме долги пречки кои одат и на високи места, но ја немаме истата планинска инфраструктура и колку тие да бидат маркирани секогаш ќе постои опасност ако се немаат основни навигациски способности. Патеките кои одат и повисоко во планините, маркациите во нив поради променливите временски услови, слабата видливост и природата на теренот нема да бидат многу корисни.

Луѓето одат во планините да уживаат во слободата и да избегаат од разни ограничувања, правила - воопшто тој свет на регулативи. Планините нудат место за слободна акција каде ништо не е организирано, или направено да биде безбедни и лесно, или униформирано. Планините се едно од неколкуте останати места каде луѓето може да се откриваат себе и да се поврзат со природата.

Маркирањето на патеките не е одговор. Светот на можности за планинарот ќе биде отворен кога тој ќе биде самостоен, а не кога нереално ќе се создаде „безбедност“ во непредвидлива планинска средина...“